Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се повисоки за 41,7 % на годишно ниво

71

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јуни 2018 година се повисоки за 0,8 % на месечно ниво и за 41,7 % на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Инаку, индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.

Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.