Минатиот месец Турција испорачала вкупно 25.220 тони лешници, пишува Hurriyet.
Според извештајот на Синдикатот на извозници од земјата (KFMIB) Турција во септември (првиот месец од сезоната), од извоз на лешници заработила 135 милиони долари.
Земјата најмногу извезувала во ЕУ или 77% од целиот извоз на лешници за месецот бил наменет за земјите членки на Унијата.
Турција е најголемиот извозник на лешници во светот. Минатата сезона, односно од септември 2017 до август 2018 заработи 1,78 милијарди долари од извоз на 287.000 тони лешници во светот.