Фото: ONFAdd
Јапонскиот бренд ONFAdd создаде водоотпорни чорапи, изработени од силиконска гума, коишто лесно може да се вклопат на било какви обувки, пишува Designboom.
Дизајнот на овие чорапи овозможува корисникот да ги носи своите омилени патики или чевли, без да се грижи доколку надвор врне дожд.
Во долниот дел имаат шари коишто не дозволуваат лизгање, а материјалот од којшто се изработени обезбедува издржливост за долготрајна употреба и заштита од различни временски услови.