Фото: Pixabay
Технолошкиот гигант LG Electronics потпиша договор со малопродажниот гигант од Јужна Кореја E – mart за развој на робот што ќе им биде од корист на купувачите во супермаркетите, пишува Yonhapnews.
Станува збор за паметна количка – робот што автоматски може да идентификува пречки и да ги следи купувачите додека се движат низ маркетот. Роботот ќе им помогне на купувачите да се ослободат од туркање на количките во супермаркетите, а ќе има и скенер за бар код, па автоматски ќе го регистрира секој производ што ќе сака да го купи.
Освен бар код, на екранот ќе може да се види листа на сите купени производи, а роботот ќе знае кој производ на кое место се наоѓа со што се олеснува движењето низ маркетот.