Намален бројот на издадени одобренија за градење во септември

34

Фото: Pixabay

Во септември оваа година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1,4% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.051.068.000 денари, што е за 42,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59,3%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11%) за објекти од нискоградба и 65 (29,7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти, на 149 (68%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 495 станови, со вкупна корисна површина од 43,895 метри квадратни.