По речиси 10 години градење, Шангај ги отвори вратите на хотелската атракција наречена Shanghai Wonderland или Shimao Quarry. Мега зданието е изградено во 88 метри длабока дупка, каменолом исполнет со вода.
Изградбата чинеше 287,9 милиони долари, а цените за ноќевање се движат од 489 до 546 долари, пишува RT.
Два од 18-те ката на хотелот се на над земја, додека двата најдолни катови се целосно под езерото што го опколува долниот дел на каменоломот.
Градбата има вкупно 336 соби, ресторан, забавен парк и места за спортски рекреативни активности како качување по карпи и банџи џампинг.
Сопствениците на хотелот велат дека истиот е толку силен што може да издржи земјотрес со јачина од девет степени според Рихтер.
Изведувач на објектот Shimao Group, планира да изгради и шопинг центар на истото место, следната година.
Фото : InterContinental