Blue Friday – подароци и попуст во петок во Ми-Да Гранд Моторс

44

Синото во Ми – Да Гранд Моторс значи големи попусти и подароци на нови и половни возила. Во следните две недели до крајот на месецов, односно на 23-ти и 30-ти месецов, Ми – Да Гранд Моторс организира Blue Friday – два петока исполнети со големи попусти и донаторска акција. Акцијата има за цел возилата да бидат подостапни до купувачите кои ќе можат да добијат и подароци, но и да направат хумано дело, стои во соопштението.

Ова е втора година по ред како автомобилскиот дистрибутер се вклучува во глобалната акција со големи попусти, но наместо познатиот Black Friday, ја одбира симболиката на сината боја. А, Blue Friday подразбира огромни попусти на сите возила на залиха, нови и половни, подароци за секое возило купено во тој петок, и подароци за секое тест возење.

“Во текот на Blue Friday деновите, Ми – Да Гранд Моторс овозможува огромни попусти за сите нови и користени возила кои се на залиха и од секое продадено возило тој петок фирмата донира средства во домот за деца без родители. Вратите на нашиот салон ќе бидат отворени до 20 часот во петок и ќе зрачиме со сината боја која ја симболизира довербата и лојалноста на нашите потрошувачи“, вели Дритон Заири, генерален директор на Ми – Да Гранд Моторс.

Сината е една од поатрактивните бои кои се применуваат во автомобилизмот, а  воедно и симбол на брендот Ford. Сите заинтересирани ќе имаат можност да испробаат нов автомобил и да добијат ексклузивна понуда.