Потрошувачка по енергенти во септември

35

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 445.912 МWh електрична енергија, 3.942 мил. нм3 природен гас, 372.875 тони јаглен и 84.328 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 80,1% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 93,5% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.