
Кредитната активност во третиот квартал и натаму се зголемува, но умерено послано во однос на претходното тримесечје (од 2,7% на 1,8%), покажуваат податоците од Кварталниот извештај на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Забавениот раст во најголем дел е резултат на остварувањата во првите два месеца од кварталот, додека во септември се забележуваат позитивни поместувања, пред сѐ кај кредитите одобрени на корпоративниот сектор.
Ваквите остварувања се поткрепуваат делумно и со резултатите од Анкетата за кредитната активност за третиот квартал, коишто покажуваат нето – намалување на побарувачката за кредити од страна на домаќинствата, при забавен раст на побарувачката за кредити од страна на претпријатијата, во услови на натамошно нето олеснување на вкупните кредитни услови.
Во четвртиот квартал на 2018 година, банките очекуваат нето – зголемување на вкупната побарувачка за кредити од страна на двата сектора, при натамошно олеснување на вкупните кредитни услови.














