Продажни цени на индустриски производи во октомври

37

Фото: Pexels

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во октомври оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 1,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во октомври 2018, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и Енергија за 0,5%.

Во октомври 2018, во споредба со октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 7,5%, Капитални производи за 1,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.