Во трговијата на мало, во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 15,2%, а реално за 12,4%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 15,7%, а реално за 12,8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15,5%, а реално за 13,2%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 13,6%, а реално е намален за 6%.