Фото: Pexels
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври оваа година, се пониски на месечно ниво за 0,1%, а за 0,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври 2018, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,3%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7%.
Во октомври 2018, во споредба со октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,3%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,5%.