СКСЗМ прогласи ТОП 100 најуспешни компании за 2017 година

352

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) ги објави ТОП 100 најуспешните албански компании во Македонија. Овој настан е реализиран по осми пат и го прави изборот на најмоќните компании во изминатата година коишто имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишниот приход, нето добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

“ТОП 100 докажува како компаниите се храбри да ризикуваат премногу за да стигнат до бројките што го одразуваат успехот, којшто директно влијае на економијата на државата. Иако не секогаш ја добиваат вистинската поддршка од многуте институции во земјата, оние со професионалност и етика ги постигнуваат своите цели. Нивото на успех може само да кулминира со обединувањето на силите“, рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.

Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ ја презентираше методологијата за избор на ТОП 100 компании за оваа година.

Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2017 година е компанијата Нептун.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена Kipper, а на трето место беше компанијата Bas Tuti Fruti. Pofix компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека петтиот награда доби Вардар Доломит од Гостивар.

Оваа година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за време на манифестацијата додели награди и во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата Ала од Струга, компанија за успешна трансформација на бизнисот, Адел Холдинг од Тетово и  компанија за најбрзо проширување на глобалните пазари на Куантум од Скопје.

Генерален спонзор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и на ТОП 100 манифестација е Уника, други спонзори се компаниите Квантум, Адел Холдинг, Халкбанк, ЕВН и Стопанска Банка.