Зголемен бројот на работници во индустријата

64

Фото: Pixabay

Бројот на работниците во индустријата во ноември оваа година, во однос на ноември 2017 година, е зголемен за 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст од 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3%, Капитални производи за 21,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2018 година, во однос на периодот јануари – ноември 2017 година, е зголемен за 6,3%.