Повисок индикатор на доверба во градежништвото

50

Фото: Pexels

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2018 година е повисок за 0,2 процентни поени во однос на третото тримесечје од 2018 година, а e повисок за 0,3 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се намали.

Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба се поповолни во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: нема побарувачка со 20,9%, зголемени трошоци за материјали со 20,6%, неповолни временски услови со 13,6% и конкуренција во сопствениот сектор со 11,8%.