Едно семејство во Хонг Конг треба да штеди 21 година за да дојде до свој дом

50

Фото: Pixabay

Хонг Конг деветта година по ред го држи приматот на најмалку достапен пазар за домување во светот, јавува South China Morning Post.

Едно семејство во Хонг Конг во просек треба да заштеди 21 година без да потроши ниту еден долар за да може да си дозволи дом во градот, покажуваат истражувањата. Тоа е и најдолгиот период на заштеда во историјата, победувајќи го претходниот рекорд од 19,4 години, исто така на Хонг Конг.

Зад Хонг Конг се најде Ванкувер, каде што на жителите на овој град им се потребни 12,6 години да заштедат за да имаат доволно пари за сопствен дом. На трето место се најде Сингапур, каде едно просечно семејство треба да помине 4,6 години во заштеда за да дојде до свој дом.