Во изминатите неколку години, процесот на автоматизација на е – маил маркетинг стана суштинска, а може да се каже и најбитна компонента на модерниот маркетинг. Затоа, тим од млади, креативни ентузијасти го создаде Табелариус.
Целта на Табелариус е да го олесни целиот процес на е – маил маркетинг, но и да им даде на корисниците софистицирана алатка за управување со нивните бази на податоци.
Табелариус воопшто не заостанува позади најпознатите светски е – маил маркетинг провајдери како Mailchimp и Awebber и им нуди на корисниците и повеќе опции од гореспоменатите алатки.
Овој софтвер ги комбинира корисните карактеристики на е – маил маркетинг апликациите достапни на пазарот и овозможува корисниците да ги користат на временски ефикасен начин.