Фото: Pexels
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,8% на годишно ниво.
Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%, Капитални производи за 0,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.
Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 6,4% и Капитални производи за 0,5%.