AlgaeClad – урбана “завеса“ што го прочистува воздухот како 20 дрвја

64

Фото: photosynthetica

AlgaeClad на британска Photo.Synth.Etica создаде урбана “завеса“ исполнета со алги коишто го собираат јаглерод диоксидот од воздухот, го преработуваат и испуштаат чист кислород.

Оваа завеса може да складира иста количина на СО2 како и 20 дрвја заедно, што е околу килограм СО2 на дневно ниво.

Модулите функционираат како фотобиореактор, каде дневната светлина ја користат за хранење за живи микро – алгални култури. На крајот на завесата влегува нефилтриран загаден воздух, доаѓа во контакт со микроорганизмите на зелените алги што го складираат CO2. Во текот на процесот на фотосинтеза, се создава кислород што поминува низ завесата до врвот, каде што се ослободува во атмосферата.

Модулите се со димензии 16,2х7 метри, па можат да бидат интегрирани како на постоечки, така и на нови згради.