JPMorgan претстави сопствена крипто валута

46

Фото: Facebook

Американската инвестициска банка JPMorgan Chase воведува сопствена крипто валута наречена JPM Coin. Иако главниот извршен директор Џејми Димон своевремено беше против дигиталните пари, банката сепак влегува во бизнисот со ваков тип на трансакции.

Новата крипто валута на банкарите и корпоративните клиенти треба да им обезбеди начин да вршат исплати меѓу себе, во реално време, пишува The Verge.

Според JPMorgan, трансакциите со крипто валути би можеле да ги заменат жичените трансфери за чиешто комплетирање се потребни неколку денови.

JPM Coin ќе биде “врзана“ за американскиот долар, со цел да биде финансиски постабилна од другите крипто валути на пазарот. Истата за прв пат ќе се појави во мали количини, за неколку месеци, а JPMorgan ќе продолжи со тестирање на блокчејн технологијата.