Campo – патики од рециклиран отпад од пченка

53

Фото: Vеја

Campo е линија на патики изработени од вегански, биоразградлив материјал наречен C.W.L. Станува збор за иновативен материјал, мешавина од органски памук и 50% восок од пченка добиен од отпаден материјал од прехранбената индустрија.

Зад дизајнот на C.W.L. стои италијанска компанија, а патиките се дело на брендот Vеја и замена за кожните модели, пишува Inhabitat.

Campo, се достапни во разни бои, а C.W.L. материјалот е искористен за горните слоеви, додека во останатите делови има полиестер од рециклирани пластични шишиња и гума добиена од амазонските шуми.

Како и сите обувки од брендот на Vеја и Campo, линијата е изработена на етички начин во Порто Алегре, Бразил. Дури 40% од моделите на компанијата за претстојната пролет/лето сезона се вегански.