Зголемен бројот на издадени одобренија за градење

40

Фото: Pexels

Во јануари оваа година се издадени 307 одобренија за градење, што е за 62,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.055.602.000 денари, што е за 68,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (51,1%) се наменети за објекти од високоградба, 59 (19,2%) за објекти од нискоградба и 91 (29,7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 307 објекти, на 175 (57%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (43%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 810 станови, со вкупна корисна површина од 60.233 метри квадратни.