Block – кутија за смартфони што блокира секаков сигнал

21

Фото: Meet Block

Холандскиот дизајнер, Ернст Конинг креираше мобилна хексагонална кутија којашто помага во борбата против зависноста од паметни телефони.

Изумот наречен Block е направен од алуминиум и може да собере до седум смартфони и да ги блокира сите сигнали.

Со помош на алуминиумот се оневозможува проток на електрични струи генерирани од надворешни или внатрешни електромагнетни полиња. Тоа важи за Wi Fi и сите останати телефонски сигнали, пишува Dezeen.

Според дизајнерот, шестоаголната кутија е многу поефикасна од исклучување на телефоните, од причина што истите пак се во видно поле и корисникот паѓа во искушение да ги употреби.