Официјално доделена наградата Автомобил на годината за Ford Focus

66

Вчеравечер и официјално беше доделена наградата Автомобил на годината на новиот Ford Focus во Македонија. На ексклузивен настан под мотото The Focus Experience, кој се одржа во хотелот Александар Палас, наградата ја додели претседателот на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија, Горан Антевски, а во име на МИ – ДА Гранд Моторс, ја прими извршниот директор, Дритон Заири, стои во соопштението.

“Новиот Ford Focus е автомобил на новите генерации, направен буквално на празен лист хартија, олицетворение на модерните технологии и дизајни на Ford. Во првите неколку месеци од продажбата, тој се продаде во повеќе од 60.000 парчиња, што го направи еден од најпосакуваните автомобили во светски рамки. Огромно е задоволството што се закитува со оваа престижна титула, тука во Македонија, по бројните награди низ цела Европа. По новото Мондео во 2015-та, сега и новиот Фокус ја добива наградата Автомобил на годината, што е потврда за нивото на квалитет кај новиот модели на Ford“, рече Заири.

“Според мислењето на националното стручно жири за Избор на автомобил на годината во Македонија, возните својства, современата палета на Euro 6d Temp мотори, високото ниво на основна опрема и одличната изработка, беа областите во кои Ford Focus беше оценет со највисоки оценки, освојувајќи така вкупно 69 поени. Тоа беше доволно да ја освои престижната титула пред останатите финалисти“, рече Антевски.

Наградата е освоена во конкуренција на финалистите: Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, VolvoXC40 и  Opel Grandland X. Технолошкиот Ford Focus победи во 10 различни категории, визионерски претворен во автомобил со револуционерен дизајн, комплетно ново подвозје со најдобри возни својства, врвни системи за безбедност, сигурност, економичност и удобност. Новиот Focus се нуди во хечбек варијанта со пет врати и лимузински стил. Како дополнување на ST -Line се нудат и Focus Trend, Focus Titanium и Focus Vignale. Исто така, со нарачка е достапен и првиот спортски инспириран Focus Active кросовер. Испорачувајќи повеќе внатрешен простор, комбиниран со материјали од висок квалитет и занаетска изработка, новиот Focus нуди софистициран ранг на Ford технологии за помош на возачот, како што се адаптивна контрола на движење со Stop-Go и првиот дисплеј пред глава кој ќе биде понуден од Ford во Европа. На Focus, исто така, му е доделен максималниот рејтинг од пет ѕвезди за безбедност од независните EURO NCAP, согласно новите и најстроги протоколи за тестирање.