Ikea и уметници од Лондон креираа куќички за птици и инсекти од стар мебел

178

Шведскиот гигант за мебел Ikea ги здружи силите со неколку креативци од Лондон за да го искористи стариот мебел на интересен начин.

Компанијата од 2012 година работи за зачувување на животната средина и користи зелени технологии, вклучувајќи сончеви панели и собирање на дождовница, пишува Dwell.

Ikea заедно со архитекти, дизајнери и уметници од главниот град на Англија со помош на стари столчиња, масички, кујнски работни површини и разни други остатоци од мебел и ламби создадоа мали уметнички дела.

За таа цел се користеа материјали од продавницата во Гринич и со малку креативност беа создадени куќички за птици, лилјаци и инсекти.

Фото: Mother London