Македонскиот старт-ап МаМа Органа награден на Startup Europe Awards во Романија

188

МаМа Органа, чијшто основач е Наталија Бургиева, е добитник на награда на Startup Europe Awards во категоријата Best Job Growth.

Настанот којшто годинава се одржува во Клуж-Напока, Романија, на едно место собра стартапи од 20 европски земји коишто се натпреваруваа во пет категории: Female-led; Founder under 30; UN Sustainable Development Goals; Social inclusion и Job growth.

МаМа Органа, којашто е дел од Акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје, се занимава со производство на органски ѓубрива со цел да се произведе здрава и чиста храна без адитиви. Меѓу другото, стартапот нуди и можности за вработување на самохрани мајки.

Победничките стартапи имаа и свои штандови за презентација за време на настанот, каде што секој заинтересиран можеше да дознае нешто повеќе за бизнисот. Настанот е од големо значење за стартапите и ретка можност за привклекување на инвеститори.

Преку StartUp Europe Accelerator од страна на Фондацијата Finnova, победничките стартапите , исто така, ќе можат да ги претстават своите бизнис на глобално ниво преку специјализирани програми од страна на ЕУ.

StartUp Europe Awards е настан што ја охрабрува соработката помеѓу јавниот сектор и бизнисите во промоција на иновативни идеи.