Моето здравје – едукативно дружење на Olympia Motors во соработка со Re-Medika и Farmasi

142

Olympia Motors во соработка со Re-Medika general hospital и Farmasi организира едукациско дружење на тема Моето здравје, стои во соопштението.

Цел на овој настан е да придонесе кон подигнување на свеста за теми поврзани со женското здравје и на едно место да ги собере и вмрежи жените кои се спремни да делуваат во насока на превенција, а не интервенција по однос на своето здравје. Гости на оваа едукативна трибина се доктори од Re-Medika general hospital, и тоа: Д-р Наде Петановска, специјалист радиодијагностичар, која ќе говори на тема Превенција и значење на редовните прегледи на дојки и тироидна жлезда и д-р Рина Љатифи Исаки, специјалист по гинекологија и акушерство која ќе говори на тема Превенција и значење на редовните прегледи за заштита на здравјето на жената.

Настанот е поддржан и од Farmasi M кои ќе се погрижат во делот за разубавување на посетителките со нивни подароци, а Olympia Motors како компанија која се грижи за возилата да бидат во топ форма, на ценетите посетители на овој настан ќе им подари ваучер. Olympia Motors – една за сите, а месецов – за жените.

Во своето 15-годишно постоење, Olympia Motors се стреми да ја унапреди својата општествено-социјалната одговорност и делува на повеќе полиња за покревање на свеста.