Зголемено индустриското производство во февруари

37

Фото: Pixabay

Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 7,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 2,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,8%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 7,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5%, Капитални производи за 1,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.

Индустриското производство во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, е зголемено за 9,6%.