Доделени признанија на најуспешните жени менаџери за минатата година

112

Агенцијата Марили, во Дом на АРМ, по 23-ти пат ја одржа манифестацијата Избор на најуспешни жени менаџери и ги претстави лауреатките носители на престижното признание од овој традиционален проект којшто ја верификува успешноста на жената во бизнисот.

На свеченоста, којашто се одржа вчера во присуство на голем број гости, признанијата ги врачи Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција Марили.

За најуспешни жени менаџери во 2018 година се прогласени:

1. Даниела Адемоска – Сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје

2. Наташа Ангеловска – Генерален менаџер на ТРОДАТ-ТРОМАК – Скопје

3. Маја Ацески – Продукциски и извршен менаџер на Златекс – Скопје  

4. Ивана Ѓоргиевска Матевска – Оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје

5. Марија Секуловска Митревска – Генерален менаџер на Бага Фоод – Битола

6. Д-р Даниела Карадаков – Директор на Бизнис академија СмилевскиБАС – Скопје

7. Јасна Ажиевска Петрушева – Административен извршен директор на Мермерен Комбинат АД Прилеп – Прилеп 

8. Викторија Рафајловска – Генерален менаџер на Викторија Боб ДОО – Гостивар

9. Нина Шерифовска – Извршен директор на Парк Резиденс – Скопје

10. Ирена Минева – Полковник – Командант на Воено медицински центар Скопје, АРМ

Оваа година Марили за прв пат додели признание на жена менаџер надвор од приватниот сектор, која е на висока функција во армискиот состав, првата жена полковник во АРМ, Ирена Минева.

Манифестацијата беше поддржана од заменичката на премиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, која испрати поздравно писмо, а на присутните им се обрати Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции, како и Леонид Наков, професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.