Фото: Pixabay
Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Преработувачка индустрија во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 0,9%, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1%, а во секторот Рударство и вадење на камен oпaѓање од 0,1%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,7% и Капитални производи за 15,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2019 година , во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, е зголемен за 1%.