ЕОЅ Мatrix ДООЕЛ во процес на усогласување со GDPR препораките

51

Компанијата за откуп и наплата на побарувања, ЕОЅ Мatrix ДООЕЛ, членка на EOS Групацијата, е во процес на преземање на активности за усогласување со измените и насоките кои ги предвидува европската регулатива за заштита на лични податоци (General Data Protection Regulation – GDPR).

Во изминатиот период ЕОS Мatrix ДООЕЛ активно работеше и на одржување на стандарди за обезбедување на највисоко ниво на безбедност на информациите (ISO 27001), следствено на што и проактивно истапува кон навремено усогласување со препораките од GDPR. Истовремено, компанијата активно ги следи и измените на локалната регулатива за заштита на лични податоци и своето работење навремено го усогласува со истата.

Во периодот што претстои EOS Маtrix ДООЕЛ својот договорен однос ќе го усогласи согласно барањата на регулативата.