Во февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 1,3%, а се пониски за 1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во февруари 2019, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,2% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.
Во февруари 2019, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1%.