Renew – еколошки диспензер за вода од Evian, што ја менува формата

85

Францускиот бренд Evian креираше диспензер за вода од рециклирана пластика, што ја менува формата како што се намалува количината на вода во него.

Машината е наречена Renew, може да се користи било каде, а собира пет литри минерална вода, пишува Dezeen.

Тенката “кожа“ од диспензерот е направена од 66% помалку пластика отколку стандардното Evian шише од 1,5 литри. Компанијата, којашто е во сопственост на корпорацијата Danone, се обврза со 2025 година да премине целосно на рециклирана пластика за изработка на шишињата.

Renew доаѓа заедно со мобилна апликација што ги известува кориснициите кога е време за дополнување на диспензерот и ја мери количината на вода што се испила во текот на денот. Машината, од следниот месец, ќе се тестира во Париз и Лондон на однапред 200 селектирани клиенти.

Фото: Renew