Интересни факти за најмалата држава во светот – Ватикан

708

Ватикан е лоцирана во градот Рим и најмала држава во светот и по број на жители и по површина

Во неа живеат нешто повеќе од 1.000 луѓе.

Државата е во целост под раководство на папата.

Официјалното име на Ватикан е Citta Del Vaticano или Stato Della Citta del Vaticano.

Знамето на Ватикан има бела и жолта боја. Жолтата ја претставува духовната моќ на папата, додека белата неговите моќни зборови.

Државата град е познато по конзумирање на големи количини на вино, односно еден жител во просек годишно конзумира 54 литри од овој пијалак.

Земјата годишно ја посетуваат околу 5,5 милиони туристи.

Во Ватикан нема болници, а голем дел од територијата е покриен со зеленило и градини.

За да се добие статус на жител во земјата услов е да се работи таму, а според последните податоци Ватикан вработува 2.000 луѓе.

Економијата во земјата е во најголема мера поддржана од туризмот и продажбата на сувенири, поштенски марки, публикации и влезници за музеите.

Ватикан има своја пошта, телефонски систем, знаме, национална химна, банка и издава пасоши и возачки дозволи.

Фото:Pixabay