Kuehne + Nagel ја оптимизира својата флота за копнен транспорт во рамки на иницијативата за зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на емисијата на штетни издувни гасови. Во иднина, компанијата ќе набавува возила што се опремени со безбедносен систем за возење. Сите возила, исто така, ги исполнуваат и најстрогите стандарди за потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови.
Флотата од 350 нови возила ќе се користи во Германија и Франција.
При набавката на возилата, Kuehne + Nagel бара неколку производители за да може да се стекнат различни искуства од различни системи.
“Безбедноста на патиштата е клучна компонента на нашата стратегија за одржливост. Со користење на неколку различни системи, може да стекнеме дополнително искуство што овозможува да ја оптимизираме безбедноста на патиштата. Исто така, одлучивме да набавиме возила со ниска емисија на штетни гасови и висока енергетска ефикасност“, вели Уве Хот, постар заменик претседател за транспорт на Kuehne + Nagel.
Со набавка на 350 влечни единици во Франција и Германија, компанијата, исто така, ја зајакнува својата позиција на овие два важни пазари за копнен транспорт.
“За да може на нашите клиенти да им ја понудиме најдобрата услуга, неопходен ни е нов и модерен возен парк. Следејќи ги големите инвестиции, купувањето на 350 моторни возила оваа година ни овозможува да ја зајакнеме нашата позиција на пазарите во Франција и Германија, што се земји – клучни двигатели за развој на овој сегмент до нашиот бизнис“, додава Хот.