КХВ издаде една дозвола за работење на инвестициски советник

260

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 33-тата седница издаде една дозвола за работење на инвестициски советник.

Исто така, на седницата што се одржа на осми јули, 2019 година, КХВ утврди пречистени текстови на следниве подзаконски акти:

  • Правилник за начинот, содржината и роковите за поднесување на барање за необјавување на ценовно чувствителни информации во Проспектот на издавачот на хартии од вредност;
  • Правилник за содржината на известувањето за затворање на јавната понуда на хартии од вредност по основ на постигнат процент на успешност;
  • Правилник за формата и содржината на известувањето за исходот на јавната понуда на хартии од вредност и
  • Правилник за формата и содржината на податоците за издадените хартии од вредност.