Xoom – нова услуга на PayPal за трансфер на пари во Европа

131

Платежната компанија PayPal се проширува и на европскиот континент преку својата услуга за трансфер на пари – Xoom. Услугата ќе биде достапна во 32 земји во Европа, пренесува Reuters.

Xoom ќе им овозможи на корисниците трансфер на пари во странство на повеќе од 130 меѓународни пазари, вклучувајќи ги Индија, Пакистан, Нигерија, Кенија, Полска и Кина.

Од американската компанија велат дека ова ќе помогне да се “зграпчи“ удел од глобалниот пазар на дознаки вреден 689 милијарди евра, за што ќе помогнат и претходно воспоставените платежни услуги на PayPal во САД и Канада.

Xoom ќе соработува заедно со големите банки и останатите финансиски компании во Европа со цел да се олесни трансферот на пари, а клиентите ќе можат да префрлат до 11.029 долари по трансакција.

Фото: Pixabay