Затворен вториот повик за субвенции за велосипеди

83

Поради исцрпување на предвидените финансиски средства, затворен е вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, кој беше објавен на 26.06.2019 година, информираат од Град Скопје.

Со тоа, барањата за субвенции за велосипеди од денес (16.07.2019 година) вторник, нема да се примаат во архивата на Град Скопје.

Во првиот јавен повик беа пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед, додека со вториот пристигнаа над 670 барања.