Францускиот бизнисмен и инвеститор Бернард Арно достигна вредност од 100 милијарди долари со што им се приклучи на Џеф Безос и Бил Гејтс во клубот на бизнис гиганти со 12 цифрени бројки.
Арно е син на француски градежен тајкун, роден во северниот индустриски дел на Франција, а за прв пат се најде на листата на милијардери во 1997 година.
Тој сега е на третото место зад Безос кој има 157,5 милијарди долари и Гејтс кој поседува 103,1 милијарди долари на сметка, пишува Forbes.
Бизнисменот пред 35 години за прв пат влезе во бизнисот со луксузни производи кога ја купи модната куќа Christian Dior. Пред да стане извршен директор на најголемата луксузна групација LVMH тој работеше за семејниот бизнис со недвижнини Ferinel и престојуваше во САД неколку години.
Од таму како што вели ја научил најважната лекција за бизнисот а тоа е дека “Кога нешто мора да се направи, направи го!“
Низ годините LVMH ги презеде големите светски брендови Louis Vuitton, Givenchy и Sephora, а денес луксузната групација има 53 милијарди долари во продажба од 70 брендови и 4.590 продавници низ светот.
Фото:Facebook