Делови за автомобили добиени од растенија

54

Фото: Pixabay

Автомобилите се дел од “виновниците“ за загадување на воздухот на глобално ниво. Па затоа, се поставува прашањето дали материјал добиен од растенија може да помогне во автомобилската индустрија за да се заштити животната средина?

Контролните табли на автомобилите и други внатрешни компоненти во возилата во иднина би биде изработени од растенија, пишува BBC.

Од таа причина, Selena (истражувачка група од Полска) користи растенија, што не се користат за храна кај луѓето, како потенцијален извор за производство на  еколошка пластика. Станува збор за проектот Biomotive, којшто од Европската унија доби грант од 15 милиони евра.