Студент од Лондон создаде маска за дишење за побезбедна евакуација при пожар

79

Римал Бат, студент од Лондон, направи маска за евакуација при пожар којашто на корисникот му дава екстра 15 минути кислород за дишење, што е од големо значење при ваков тип на несреќи.

Неговиот дизајн е едноставен и лесен за употреба, како алтернатива на постоечките маски коишто го зафаќаат поголем дел од лицето, пишува Dezeen.

Маската е поефикасно решение од причина што го насочува воздухот само кон устата, а исто така е и универзална, односно одговара на секого. На носот има стегалки, а дишењето низ уста е безбедно и не влегува воопшто чад. Изработена е од трајна и достапна ABS пластика со цел да може секој да си ја дозволи.

Дизајнот на Бат вклучува и технолошки дел, наменет за да ги извести пожарникарите за ситуацијата во опожарениот објект, односно за бројот на луѓе и дали истите се безбедно евакуирани. Кога корисникот со маската ќе помине низ излезот вградена радиофреквенција праќа порака до читач во пожарната со што пожарникарите знаат дека личноста е на безбедно.

Фото: Pixabay