Куќа на дрво од Lego направена од “растителни“ коцки

309

Уште минатата година Lego претстави нов тип на коцка изработена од вид на полиетилен, креиран од етанол од шеќерна трска. Тоа беше голем чекор за данскиот производител на познатите играчки којшто се обврза дека до 2030 година ќе користи само одржливи извори за изработка на своите коцки.

Досега неколку сетови вклучија ваков тип на коцки, но последниот сет Куќа на дрво има убедливо најголем број -185 парчиња.

Целото дрво, лисјата и грмушките се од одржливи коцки изработени од растителен полиетилен.

Сепак, тоа е само 6% од вкупниот број на делови којшто изнесува 3.036.

Дизајнот произлезе од програмата Lego Ideas, преку којашто Lego ентузијасти ги прикажуваа своите “градби“. Куќата на дрво е на Кевин Фисе од Франција, за којашто доби поддршка од 10.000 следбеници за истата да стане составен дел од производите на компанијата.

Куќата е висока 35,5 сантиметри и има две верзии на лисја, зелени за лето и жолти и кафени за есен. Сетот ќе може да се купи од први август, стои во објавата на компанијата.

Фото: Lego