Земји што увезуваат vs земји што извезуваат автомобили

130

Увозот на автомобили во светот лани достигна вредност од 783 милијарди долари, додека извозот се позиционираше на 775 милијарди долари.

Земји што имаат најмногу увоз во светски рамки во 2018 година се: САД (178 милијарди долари), Германија (61 милијарда долари) и Кина (49 милијарди долари).

Во топ 10 најголеми земји увозници на автомобили се и: Велика Британија (43,9 милијарди долари), Белгија (38 милијарди долари), Франција (38 милијарди долари), Италија (32 милијарди долари), Канада (29 милијарди долари), Шпанија (22 милијарди долари) и Австралија (16 милијарди долари).

Словенија лани увезла автомобили во вредност од четири милијарди долари, со што е 31-ва во светски рамки, Грција е 52-ра со увоз од 1,6 милијарди долари, додека Хрватска е три места подолу со увоз на 1,4 милијарди долари. Бугарија минатата година реализирана увоз на автомобили во висина од 1,1 милијарди долари, додека Србија е 79-та со увоз од 589 милиони долари. Македонија е 107-ма во светски рамки со увоз на автомобили од 198 милиони долари, додека Албанија е 112-та со увоз од 169 милиони долари, а Црна Гора е 121-ва со 126 милиони долари увоз на автомобили.

Од друга страна пак, најголеми земји извозници на автомобили во светот се: Германија (154 милијарди долари), Јапонија (99 милијарди долари) и САД (51 милијарда долари). Меѓу 10-те најголеми извозници се и: Мексико (49 милијарди долари), Велика Британија (42 милијарди долари), Канада (41 милијарда долари), Јужна Кореја (38 милијарди долари), Шпанија (35 милијарди долари), Белгија (34 милијарди долари) и Франција (25 милијарди долари).

Најдобра позиција на извозник на автомобили во регионот ја има Словенија, 25-та, со извоз од 5,9 милијарди долари. Србија е 10 места подолу со извоз од 896 милиони долари, додека Бугарија и Хрватска се 51-ва односно 52-ра и имаат извоз од 284, односно 269 милиони долари. Грција лани извезла автомобили во висина од 37,5 милиони долари, додека кај Црна Гора тој износ е 7,4 милиони долари.

Македонија е 124-та со извоз на автомобили во вредност од 761.000 долари.

Фото: Pixabay