Каде метар квадратен во центар на град е 27.345 евра, а каде 594 евра?

420

Ако некој сака да си купи стан во централното градско подрачје на Хонг Конг од својот буџет ќе треба да одвои 27.345,95 евра за метар квадратен. Од друга страна, за стан, исто така, во централното градско подрачје, во Египет за таа намена се одвојуваат 594,63 евра за метар квадратен. Според Numbeo, ова се земјите со најскап, односно најевтин метар квадратен на стан во центарот на градот.

Земји во коишто овој вид недвижнини имаат највисоки цени во светот се и: Сингапур (16.119,61 евра за метар квадратен), Швајцарија (9.985,64 евра), Јужна Кореја (8.720,61 евра) и Јапонија (7.828,07 евра).

Од земјите во регионот, најскап метар квадратен за стан во центар на град, има во Словенија и тоа 2.466 евра. По нејзе, следува Хрватска со 2.284 евра за квадрат стан во центар на градот. Србија е 51-ва во светски рамки, бидејќи просечната цена на метар квадратен за стан во градот треба да се одвојат 1.797,89 евра, додека во Грција тој износ е 1.474,22 евра.

Недвижнина за живеење во централно градско подрачје во Црна Гора треба да се одвојат околу 1.450 евра за квадрат, додека во Босна и Херцеговина и Албанија цената се движи од 1.260 до 1.250 евра за метар квадратен. Бугарија е на 80-то место со просечна цена од 1.080 евра за метар квадратен стан во центар на град, додека Македонија е две места подолу со цена од 1.049,43 евра за квадрат.

Три земји кои се најдоа на дното на оваа листа, освен Египет, се и: Пакистан (602 евра), Тунис (619 евра) и Узбекистан (774 евра).