Home Smart business – нова инвестиција на Ikea во паметните домови

88

Ikea претстави нова единица посветена на паметни производи за домот наречена Home Smart business. Тоа е најголема инвестиција на шведскиот гигант по делот наменета за деца.

Компанијата од 2012 е инволвирана во “поврзување“ на предметите во домовите, но со новата инвестиција во овој сектор ќе се искористи целиот потенцијал на технологијата, потенцираат од Ikea.

Единицата Home Smart business ќе функционира согласно со останатите оддели со цел да ја дигитализира понудата на компанијата, креирајќи “хармонична комбинација помеѓу производите“.

IKEA Home smart има за цел да внесе дигитални елементи и технологии во производите и решенијата на компанијата.

Фото:Pixabay