SolarSea – голем пловен, сончев колектор на Малдивите

146

Луксузниот ресорт на Малдивите LUX* South Ari Atoll го доби најголемиот пловен, сончев колектор во светот.

Иновативната технологија е наречена SolarSea, а ја насочува сончевата енергија директно во океанот, којшто потоа го снабдува островот со енергија на еколошки начин.

Луксузниот ресорт за оваа цел склучи партнерство со компанија од Австрија и Малдивите Swimsol, којашто го разви и патентираше првиот и единствен ваков сончев систем во светот. Истиот е толку моќен што може да издржи секакви климатски услови, како силни бранови, бури и нагризување од солената вода.

Ресортот веќе користи сончев систем од истата компанија на покривот од својот објект, па затоа одлучи да инсталира 12 SolarSea платформи, пишува The Island Chief.

Со инсталацијата на пловните сончеви панели, капацитетот се зголеми за 40%, со што се овозможи секоја вила да се напојува со сончева енергија кога времето е најповолно.

Целта на Swimsol е на овој начин да обезбеди сончева енергија за секој остров.

Фото: Swimsol