R.I.D – уред што покажува кој материјал е подложен на рециклирање

187

Recycling Identifying Device (R.I.D.) е уред којшто преку скенирање покажува дали материјалот може да се рециклира. Зад идејата стои компанијата Cohda, со седиште во Велика Британија, пишува Inhabitat.

Уредот користи таканаречена блиска – инфрацрвена спекторскопија со којашто се скенира секој предмет и покажува што е.

Со помош на R.I.D. корисникот дознава дали во најблиската фабрика за рециклирање одредениот предмет може да биде подложен на процесот или не.

Првенствено е наменет за организации во чијашто надлежност е справувањето со отпад. Целта на Cohda е овие организации да ги снабдат локалните домаќинства со вакви уреди, со што секој би придонел за поздрава животна средина.

Уредот се надградува доколку се случат некои законски промени во врска со рециклирањето, па корисниците на лесен начин дознаваат за евентуални измени во врска со одредени предмети или материјали.

Фото: Cohda