Во некои светски градови да се изнајми и мал двособен стан чини многу повеќе од што обичните луѓе би можеле да си дозволат. Токму една таква анализа на Deutsche Bank насловена како Mapping the World’s Prices ги покажува цените за месечна кирија во 56 градови.
Во светски рамки, цените во Дубаи годинава покажаа најголем пад во споредба со лани, додека оние во Франкфурт, Токио и Цирих забележаа најголемо поскапување.
Според извештајот, само во Хонг Конг и Сан Франциско киријата надминува 3.000 долари, а еве како изгледа топ 10 листата:
Токио, Јапонија – 1.903 долари
Сиднеј, Австралија – 1.963 долари
Даблин, Ирска – 2.018 долари
Бостон, САД – 2.201 долари
Лондон, Англија – 2.338 долари
Париз, Франција – 2.455 долари
Цирих, Швајцарија – 2.538 долари
Њујорк, САД – 2.909 долари
Сан Франциско, САД – 3.631 долари
Хонг Конг – 3.685 долари
Кај нас просечна кирија за двособен стан, на пeриферно место, изнесува околу 200 евра.
Фото: Pexels