Извршниот директор на Amazon, Џеф Безос најави дека компанијата планира да купи 100.000 електрични комбиња како дел од заложбите за борба против климатските промени, пишува CNN.
Според Парискиот договор од пред 10 години, продажниот гигант се обврза дека до 2040 година ќе стане јагледородно неутрална компанија.
Одреден број од овие возила ќе започнат со вршење на испораки во 2021 година, а до 2024 година сите 100.000 ќе бидат ставени во функција.
Безос изјави дека комбињата ќе бидат од компанијата за електрични возила Rivian, во која што Amazon претходно инвестираше 700 милиони долари.
Компанијата за онлајн продажба беше критикувана за “нанесување штета на животната средина“ поради трката за што побрза испорака.
Фото: Pixabay