Трета конференција на Macedonia Manufacturing Expo во земјава

44

Повеќе од 100 македонски компании, 34 странски компании купувачи и 15 компании директни инвестиции во Северна Македонија ќе се сретнат на двoдневниот Б2Б настан во земјата. Потврдени се 450 директни состаноци меѓу компаниите од Северна Македонија, Германија, Холандија, Белгија, Јапонија, Грција, Словенија, Србија, Албанија и Косово.

Третата меѓународна конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) е во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Истата  е поддржана  од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Холандската амбасада, воедно партнерството кое се воспостави изминатата година со Сојузното здружение за менаџирање, набавка и логистика на ланци на добавувачи (БME) продолжува и оваа година.

“Како Асоцијација пет години вложуваме во промоција на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија. Наша мисија е да ги поврземе домашните производители од оваа индустрија со странски компании купувачи, да им го ослениме излезот на светските пазари. Резултатот од минатогодишната конференција се потпишани договори од околу половина милион евра. Сметаме дека ова е одлична бројка особено ако се земе предвид  дека станување добавувач на странска компанија е долготраен процес. Минатата година беа реализирани 400 претходно закажани состаноци во еден ден, ова година ќе ја надминеме оваа бројка, сметам дека тоа е уште една потврда колку овој настан и е потребен на македонската индустрија“, изјави Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Во скоп на дводневниот настан ќе се реализираат девет панели на теми поврзани со финансии, дуално стручно образование, логистика, маркетинг, автомобилска индустрија, индустриско производство, глобална продажба на кои 45 експерти ќе ги споделат своите практични искуства.

“Веќе 25 години УСАИД го поддржува развојот на приватниот сектор во оваа држава. Во овој период, нашата поддршка еволуираше како што овој сектор и нашите партнери созреваа и стануваа се посамостојни. Особено сум горд што Асоцијацијата на метална и електро индустрија (МАМЕИ) денес е препознаена како водечка организација за поврзување на локалните компании од лесно преработувачката индустрија со странски купувачи и глобални вредносни ланци“, изјави Едвард Гонзалез, директор на канцеларијата на УСАИД за општ развој.

“Macedonia Manufacturing Expo оваа година доби и регионален карактер, организираме саем кој ќе се одржи во склоп на настанот на кој учествуват голем број на компании од Албанија и Косово. Исто така оваа година интересот на компаниите од Германија за посета на настанот е поголем во споредба со минатата година, тоа е само уште еден показател за добрите стопански односи помеѓу двете земји. На настанот ќе ја поздравиме и втората генерација на ученици кои се одлучија за дулно стручно образование по германски терк, кое се спроведува во 10 компании и пет средни стручни училишта во земјата, учениците ќе имаат можност да се запознаат со компаниите и со една цела стопанка дејност која е од особена важност за развојот на економијата  во земјата“, изјави изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.